Патријархот Иринеј најверојатно ќе биде погребан во криптата во Храмот Свети Сава, дознава Нова.рс.
Местото каде што треба да почиваат земните остатоци од 45-от поглавар во престолот на Свети Сава е „амбулаторијум“, просторијат зад олтарот на криптата.
Патријархот Иринеј може да биде првиот поглавар погребан во овој дел од Храмот, кој, дури и кога беше замислен во 1895 година, беше предвиден за патријарсите.
Оваа одлука може да се смени доколку патријархот оставил желба во тестаментот каде ќе почиваат неговите посмртни останки.
Поглаварот на Српската православна црква почина денес на 90-годишна возраст.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил се прости од патријархот Иринеј.
„Ми беше чест што Ве познавав. Луѓето како Вас никогаш не заминуваат “, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.
Вучиќ е и првиот што ја потврди смртта на поглаварот на Српската православна црква.