Патрола за превенција од детско престапништво во Велес

од Vlatko K
93 прегледи

Локалниот совет за превенција од детско престапништво и МВР изминатиов викенд реализирале теренска патрола за превенција од детско престапништво, информираат од Општина Велес.

При извршената контрола во саботата навечер, во 23 часот, не биле затекнати малолетни лица во кафулиња како конзумираат алкохол, но затоа на неколку градски локации кај фонтаната „Авона“ во паркот во Основното општинско училиште „Васил Главинов“ и фудбалското игралиште во населбата Тунел биле забележани малолетни лица во доцните вечерни часови како прават врева и бучава со мотори и недолично однесување.

Како што појаснуваат од Општината, на затекнатите малолетни лица им било укажано дека патролите се превентивни и биле предупредени да не го нарушуваат јавиот ред и мир во доцните вечерни часови, во спротивно ќе ги повикаат нивните родители.

Од Општината, која управува со Локалниот совет за превенција, информираат дека во кафулињата што биле посетени од нив не биле затекнати малолетни лица кои конзумираат алкохол.