Пациент заразен со коронавирус избегал од болницата во Штип

од Берта Китинска
236 прегледи

Вчера 84-годишен пациент заразен со Ковид 19 избегал од модуларната болница во Штип.

-На 26.09.2021 во 15.47 часот во СВР Штип, од модуларната болница при Клиничка болница Штип било пријавено дека 84 годишен пациент ја напуштил болницата. Од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип лицето било пронајдено на градскиот плоштад во Штип и со возило на Итната медицинска помош вратено во болницата, велат од МВР.

Слични содржини