192
Во последните 24 часа се направени 1253 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19.
Како што информира Министерството за здравство, починати се две лица во болнички услови, пациент од Охрид (54г) и пациентка од Радовиш (51г).
Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.791, бројот на оздравени пациенти е 13.184, а на починати е 648. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.959.