289
Во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи со Ковид-19 во земјава.
Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (88 г.) во болнички услови и пациентка од Кичево (80 г.) вонболнички.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 12.357, бројката на оздравени пациенти е 8.662, на починати е 532, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.163.