249
Заир Селмани од Куманово верува во бог ама и во докторите кои му го спасиле животот. Пред две недели кога бил донесен на интензивна нега вели дишел на шкрги, лекарите едвај се избориле за повторно да земе воздух со полни гради, оти снимката на прием покажувала дека коронавирусот опфатил 90 проценти од нив. Денеска го чека вториот негативен тест после помината вистинска битка за воздух, објави Телма која направи репортажа од Инфективната клиника.
Селмани еден од повеќетемина пациенти кои се најтешко болни и лежат на инфективна.
Денеска е ден во кој од инфективна се испишани 11, но примени 6 нови заразени од Ковид 19.
Целата репортажа на ТВ Телма погледнете ја тука.