Пациенти со поддршка за Жан Митрев: Издржете во овие тешки моменти само за да се спасат уште животи

од Берта Китинска

Пациенти кој се лекувале во болницата Жан Митрев му даваат отворена поддршка на докторот Жан Митрев. Фамилијата Божиновски реши да го раскаже своето искуство од клниката како и од приемот на др.Митрев.

-Постојано следиме се она што се случуа по телевизија сите обиди за манипулации и за рушење на институција која е поим за квалитет безбедносна нега по професионални стандарди при лекувањето на болните. Како пациенти на кои ни било помогнато во најтешките моменти и на кој им бил спасен животот,доктори и професионалци кој подале рака кога некој се борел за живот неможеме да не дадеме поддршка до докторот и клиниката кој ни спасиа многу животи во фамилијата. Мојата кратка сторија е за пациентот Божин Божиновски кој на државната клиника му дадоа уште 3 саати живот и не припремаа за најлошото се додека доктор Митрев не рече донесете го кај мене. Тешка вечер за него и за целата фамилија после 7 часовна тешка операција и 7 бајпаси со масивен инфаркт, веќе за 7 дена заминува дома и до ден денеска после 21 година живее и функционира без проблеми, објаснуваат Божиновски.

Тие раскажуваат дека по овој случај од нивната фамилија имало и други членови кои се задоволни од приемот и лекувањето во клиниката.

-Повторно помош и професионалност за и денеска да функционира и да живее како што доликуаа за еден човек..Тука не завршуа приказната со клиниката повторно други членови на семејството добиваат третман повторно спасени неколку животи во многу тешки моменти примени во најголема здраствена криза згризени со 34 сатурација и безмалку никакви шанси за живот докторите го прават невозможното. И спасуваат повторно уште еден член од семјеството. Најголема благодарсност до Доктор Митрев, Доктор Милка Клинчева и со сите доктори кој дадоа макисимум со нивната смиреност,пожртвуваност ,професионалност и стручност. Поддршка до целиот персонал издржете во овие тешки моменти само за да се спасат уште животи и да останат уште среќни семејства со своите најмили, раскажуваат Божиновски.

Оваа реакција на дел од пациентите доаѓа откако обвинителството, еден ден по емитувањето на документарниот филм „Нечиста крв“ на ИРЛ, на 18 јули, оформи предмет по допрен глас за да го испита начинот на лекување на пациентите во приватната болница „Жан Митрев“ во периодот на пандемијата со коронавирусот од 2020 до 2022 година.

На 12 август Обвинителството отвори истрага во која сопственикот на болницата д-р Жан Митрев е осомничен за Измама на пациенти. Судот му го одзеде пасошот како мерка на претпазливост поради опасност од бегство.

Слични содржини