Пациентите губат два килограма мускули дневно: Лекар од интензивна нега открива како изгледа борбата со короната

од Aleksandar Petrovski
340 прегледи

Лекарот од Лондон, Зудин Пучери изјави дека многу пациенти претрпеле застрашувачки халуцинации откако преживеале потешки форми на коронавирус.

Лекарот кој лекува пациенти од вирусот рече дека некои се разбудиле од кома и рекле дека сакале да умрат.

Критично болните пациенти со ковид-19 доживеале халуцинации што им предизвикале физичка и психолошка траума.

Д-р Пучери, советник со седиште во Лондон, рече дека сериозно болните случаи имаат долг и тежок пат за закрепнување.

Додека се во кома, пациентите се борат со халуцинации што ги дезориентираат и ги оставаат збунети.

– Самата болест е тешко да се надмине, а лековите потребни за лекување исто така го отежнуваат процесот на закрепнување – рече тој.
– Некои ќе можат дури за две до три години да кажат дека се среќни што се живи. Некои ми рекоа дека би биле посреќни ако умреле – се сведува на она што луѓето го сметаат за добар и квалитетен живот – додаде лекарот.

– Најголем проблем за сериозно болни пациенти кои се во кома е губење на мускулите. На пример, пациент од 90 кг губи 1-2 кг на ден – објаснува тој.

Има пациенти кои биле лекувани во болница 10 дена, но подоцна чекале со месеци за закрепнување.

По напуштањето на болницата, на многу пациенти од интензивна нега им е потребна рехабилитација во период од една до пет години.

Слични содржини