Пацоли: Сакам да го видам Косово во клуб со Албанија, С. Македонија и Црна Гора

од Vladimir Zorba
256 прегледи

Лидерот на Алијансата за ново Косово, Беџет Пацоли, по повод самитот „Отворен Балкан“ изјави дека сака да го види Косово во клуб со Албанија, С. Македонија и Црна Гора, со силна поддршка од САД.

Според Пацоли, одлуките во оваа иницијатива може да се носат само во корист на Косово, бидејќи, како што вели, таму се присутни тројца албански премиери.

„Сакам да го видам Косово во клуб со Албанија, С. Македонија и Црна Гора, со силна поддршка од САД. Времето е вистинско (имаме тројца албански премиери), добрите одлуки можат да бидат само во корист на Косово, не плашете се! Англија беше основач на Европската унија, а кога оцени дека не е добра, ја напушти оваа унија. Косово може да го направи тоа дури и ако забележи дека таму се бара нешто што е на штета на Косово“, напиша Пацоли на Фејсбук.

Пацоли во најавата додаде дека на Косово најмалку му е потребна изолација.

„Косово не смее да се двоуми и да има предрасуди на патот на евроатлантските интеграции поддржани од САД. Тоа треба да биде местото каде што зборуваме за мостови, интеграции и европска иднина. На Косово му треба најмалку изолација. Не треба да се плашиме од местата каде што зборуваме за предизвици“, напиша Пацоли.

Слични содржини