463
Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи во заминување Беџет Пацоли вечерва соопшти дека на косовски обвинител му предал „илјадници документи“, кои, според него, ја докажуваат „српската геноцидна политика против Косово и масовните убиства извршени од југословенскии војници министерство за внатрешни работи и парламентарци под контрола на Белград“.
Тоа Пацоли го соопшти преку Твитер, со оценка дека осомничените за тие злосторства слободно шетаат по Белград. Во друга објава пацоли напиша дека „истото тоа МВР и истиот тој Белград фалсификувале документи“ кои ги користел поранешниот известител на Советот на Европа, Дик Марти.