Потпретседателот на косовската влада и министер за надворешни работи Беџет Пацоли изјави дека владата на Рамуш Харадинај е нестабилна.

Тој рече дека Косово може да оди на предвремени парламентарни избори, но повика „една партија од опозицијата да се придружи на власта“, и да покаже дека Косово не зависи од Српска листа.
„Владата стана нестабилна, а со самото тоа и внатре во владејачката коалиција се зборува за избори. Би био штета оваа влада да не направи напредок затоа што Харадинај не само што ја даде својата енергија во оваа работа, туку ја даде и својата душа“, рече Пацоли во интервју за RTV 21.
Се наведува дека Пацоли рекол дека изборите се во рацете на опозицијата и дека ги повикал нејзините претставници да му се придружат на Харадинај.
„Ми се чини дека судбината на изборите е во рацете на опозицијата, и можно е Косово да оди на предвремени избори. Но, би повикал една партија од опозицијата да се придружи на владата, ако се патриоти, и да покажат дека Косово не може да зависи од Српска листа.Го повикувам секој што себеси се смета за патриот да ни се придружи, да ги поттурнеме процесите кои се важни за Косово“. вели Пацоли.