Пауновски не сака да ги вработи „рамковните“, Заев порача директорите да не водат јавна војна

од Nikola Popovski
395 прегледи

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски имаше остра реакција и изјави дека нема да попушти и да го потпише решението за вработување на 35 лица, бидејќи дел од нив не соодветствуваат на барањата и сакале да работат само во одделни градови.

Од 1.400 рамковно вработени, 35 административци треба да бидат прифатени во Државниот пазарен инспекторат.

„Јас испратив писма со аргументи и до премиерот, и до вицепремиерот, во кое детално објаснувам зошто нашата институција не може да ги прифати сите овие 35 вработени, туку можеме да прифатиме само 12 од нив кои имаат квалификации. Досега немам добиено реакција на ова писмо, но можам да потврдам дека ниту премиерот, ниту било кој друг од Владата не ми се јавил да врши притисок врз мене за да го потпишам решението за нивно примање. Јас сум политички дојден на таа функција и може и политички да бидам сменет, и нема да се лутам за тоа, но нема да попуштам на ниедна сила и тоа да го потпишам“, вели Пауновски.

Премиерот Зоран Заев посочи дека сака да испрати порака до сите директори кои прават отпор да не прават отпор, заради тоа што имаат потреба реално, а тоа се наши граѓани и секој ја има шансата чесно да ја работи својата работа, односно да работи.

„Ако не им се работи, дали тие што се преземаат сега или што се досега вработени, треба да им се заблагодариме и да си одат дома. Испраќам, пред се, порака до Државниот инспекторат, кој е многу гласен, треба да ги спроведеме одлуките или да кажеме зошто не се спроведливи самите одлуки, а не да водиме така да кажам јавна војна преку медиумите едни со други. Тоа не ни треба на никој, затоа што ова е нешто кое народот го очекува од кај нас, да нема вработен во јавната администрација кој зема плата, а не оди на работа“, рече Заев.

Така што, потенцира премиерот, државата која што го вработила пред пет, седум, десет години, е должна да му обезбеди работно место и да го задолжи со работа тој вработен наш сограѓанин.

Слични содржини