Павел официјално е новиот претседател на Чешка, му честиташе и Земан

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Независниот кандидат со јадро гласачи меѓу либералите и во десниот центар, пензионираниот генерал, поранешен началник на Генералштабот на чешката армија и шеф на Воениот комитет на НАТО Петр Павел победи во вториот круг од изборите за претседател на Чешка и освои 58,3 отсто од гласовите.

Откако беа преброени сите гласови, неговиот противкандидат, поранешниот популистички премиер и лидер на опозициската партија АНО Андреј Бабиш, петтиот најбогат милијардер во Чешка, освои 41,6 отсто од гласовите.

Жестоката изборна кампања создаде впечаток кај Чесите дека тоа се драматични избори и во вториот круг на гласање излегоа рекордни 70,25 отсто од 8,25 милиони регистрирани гласачи.

На генералот Павел му честиташе претседателот во заминување Милош Земан и му посака да биде добар претседател, иако во кампањата го поддржуваше Андреј Бабиш и им препорача на Чесите да го изберат него.

„Исходот ме изненади. Очекував дека Павел можеби ќе победи, но не со 16 проценти разлика“, изјави вечерва Земан.

Слични содржини