212
Украина може да смета на дополнителна поддршка од Чешка додека се брани од руска агресија, изјави денеска чешкиот претседател Петр Павел по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој, исто така, изрази поддршка за напорите на Украина да се приклучи на НАТО и во Европската унија, пренесува „Ројтерс“.
Зеленски посочи дека претстојниот самит на НАТО во Вилнус треба да се фокусира на „јасен сигнал“ за идното членство на Украина во Алијансата.