Денеска Коалицијата за промени и правда предводена од Демократскиот сојуз каде се уште , ФРОДЕМ, ДЕМОС, МОРО- Работничка партија, во 17 часот ќе одржи конвенција на која ќе бидат презентирани кандидатите и носителите на листи, на овој трет политички блок кој ќе се бори против бипартизмот во Македонија, и симнување на режимот на Никола Груевски
Како што неофицијално дознава Локално.мк, немало никакви проблеми помеѓу коалициските парнери при составувањето на листите, а за носители ќе бидат предложени Павле Трајанов-лидерот на ДС во првата Изборна единица, лидерот на ФРОДЕМ- Јове Кекеновски во втората ИЕ, во ИЕ 3 носител на коалициската листа ќе биде м-р Весна Стоименовска, во ИЕ 4 прв на листата ќе биде Слободан Богоевски, во петката ќе предводи Александар Делов и во шестката на останатите партии ќе им се спротистави Бранко Мајсторовски.
Слоганот е „Не се плашете режимот паѓа“, а како што дознаваме на листите на оваа коалиција ќе бидат застапени сите етнички заедници во државава.Промоцијата е за неполн час во Скопје.