Павлески на работна посета во Брвеница и Јегуновце

од Ивана Рамаданова
363 прегледи

Заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески денеска престојуваше во работна посета на општините Брвеница и Јегуновце, каде оствари средби со градоначалниците Енвер Бајазити и Дарко Блажески, соопшти Министерството за локална самоуправа.

Павлески со Бајазити и Блажески изврши увид во Општина Брвеница – на основни проекти за реконструкција и рехабилитација на улица во село Милетино и за канализационен систем во село Долно Челопек, уредување на речно корито на Боговинска река во село Радиовци и реконструкција и рехабилитација на ул. ,,Брака Јањиќ’’ во село Брвеница, а во општина Јегуновце на реконструкција на локален пат село Јажинце и реконструкцијата на постојниот плоштад во село Вратница, поддржани од Министерството за локална самоуправа, преку програмата за рамномерен регионален развој во изминатите две години.

„Во 2018 и 2019 година, Министерството за локална самоуправа преку Програмата за рамномерен регионален развој поддржа 22 проекти од Полошкиот плански регион , при што од буџетот на државата се издвоени 1.452.000 евра, а тенденција е средствата во наредната 2020 година да се зголемуваат“, појасни Павлески.

Заменик-министерот посочи дека остануваат фокусирани на поттикнување на рамномерниот регионален развој преку намалување на разликите помеѓу планските региони, преку поддршка на реални проекти кои имаат директен импакт врз развојот на општините и регионите.

Слични содржини