387
Државниот пазарен инспекторат го затвори градскиот базен во Виница.
Причина за тоа е забавата која се одржа изминатиот викенд на која присуствуваа голем број луѓе, а не се почитуваа протоколите за работа и здравствените мерки.
Базенот ќе биде затворен во наредните десет дена, а против сопствениците е поднесена пријава.