Пецаков се заблагодари за „референдумската поддршка“ која што ја добил

„Во моментов се пребројуваат и кандидатите на советничките листи. Соодносот е отприлика три спрема еден со СДСМ, како втора партија по бројот на гласови“, рече Пецаков.

од Vladimir Zorba
19 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Кирил Пецаков

„Голема благодарност до охриѓани за, јас би рекол, референдумската поддршка која што ја добив. Историски најголема поддршка што некогаш на кои било локални избори се случила. Бескрајно благодарам. Начинот, динамиката, идеите и проектите кои ги направивме во изминатите четири
години сега ќе бидат на уште појако ниво“, соопшти актуелниот градоначланик на Охрид, Кирил Пецаков.

Според него, разликата е повеќе од 10.000 гласови.

„Во моментов се пребројуваат и кандидатите на советничките листи. Соодносот е отприлика три спрема еден со СДСМ, како втора партија по бројот на гласови“, рече Пецаков.