Печени домати со спанаќ и сирење

од desk2
250 прегледи

Одлична идеја за ручек или вечера, а особено ќе им се допадне на вегетаријанците!

Потребни состојки:

1 килограм домати

200 грама спанаќ

400 грама сирење

40 грама лебни трошки

60 милилитри маслиново масло

1/2 чешне лук

Сол

Начин на подготовка:

Измијте го спанаќот и исечкајте го на ситни парчиња. Истото направете го и со половината чешне лук. Ставете ги во голем сад сите состојки освен доматите и добро измешајте. Потоа излупете ги доматите и со лажица извадете ја средината. Наполнете ги со сосот, наредете ги во тава за печење, посипете со малку маслиново масло и печете 10-тина минути на 190 степени. Добар апетит.