293
Лидерот на шпанските социјалисти Педро Санчез денеска положи заклетва како премиер на Шпанија, еден ден откако неговиот предлог за формирање коалиција беше изгласан во парламентот, благодарение на поддршката од малите партии.
Тој заклетвата ја положи пред шпанскиот крал Фелипе Шести, а новите членови на владата планира да ги претстави наредната недела, соопшти неговата Социјалистичка партија.
Во составот на новата влада ќе бидат и членовите на партијата „Обединети можеме“, која е помал партнер во владата, додека лидерот на таа партија Пабло Иглесијас ќе биде заменик премиер.