Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна доживеа непријатно искуство на настап во Македонија, кога некој од публиката ѝ подаде бугарско знаме, во кое потоа се завитка.
Публиката почна да свирка и да протестира, а пејачката сега го коментираше скандалот.
„Зошто не истраживте што се случи потоа? Се ширеа лаги дека мојот концерт бил прекинат и дека сум насилно симната од сцената, дали е тоа вистина? Пеев повеќе од два и пол часа, мислам, со некои исклучоци, но има и такви што шират глупости. Да, се случи таа ситуација, и дадов изјава за тоа и тоа беше решено“, изјави таа за српски „Курир“ и додаде:
„Постојат и полоши скандали за кои не ги вознемиривте моите колеги. Што се случи, луѓе? Јас сум тука 40 години, никогаш во животот не сум имала провокативна изјава, а камоли нешто друго. Луѓето навредуваат луѓе, ги навредуваат моите колеги, се однесувате како навивачи, тоа е скандал…“, порача Ражнатовиќ на прашање за случувањата во Велес.