Пејачка напиша „Дунав“ на Инстаграм, па се удави во реката

од desk2
145 прегледи

Последната фотографија на Инстаграм на пејачката Анка Поп која е најдена мртва во Дунав во понеделникот, снимена е покрај реката во југозападна Романија.

На таа слика, под која луѓето со денови се простуваат од неа, Анка ги соблекла чевките што кај многумина предизвикува морници.

https://www.instagram.com/p/BqMjepeFoYs/?utm_source=ig_embed

Канадско-романската пејачка, која ја препеа „Едерлези“, објави фотографија на Инстаграм минатиот месец, а на неа се гледа како седи покрај Дунав во Романија.

„Дунав“, кусо напиша под сликата на која со грб е свртена кон камерата и на која е загледана во местото на кое еден месец подоцна ќе биде најдена мртва.

Сестраи повикала полиција откако не можела да влезе во кучата, а утредента Анка Поп е идентификувана откако полицијата го извлекла нејзиното тело од Дунав. Се истражува дали се работи за самоубиство или случајна сообраќајна незгода.