Пејачката Анастејша дојде инкогнито во соседната земја. Ѕвездата пристигна во Софија за снимањето на некој филм, но таа претпочитала да се скрие од фановите.
Изведувачката се има регистрирано под туѓо име во хотелот за да не привлече внимание на себе, пренесе “24 часа”.
Пејачката помина 3 дена во бугарскиот главен град, откако успеа да разгледа дел од него. Вчера од неа траги немало.
“Каде и да одите, без оглед на времето, секогаш носете си ги своите сончеви зраци”, напиша ѕвездата на нејзиниот профил во Instagram.
“Американска ноќ” е италијанска филмска продукција што се снима во Бугарија од февруари. Режисерот на групата е Алесио Џим Дела Вале, кој одлучува да ја повика Анастејша да игра во неколку сцени.