Пекинг најави поостри мерки против ширењето на коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska
286 прегледи

Кинеската престолнина Пекинг објави дека поради рекордниот број на заразени лица во последните три недели, ќе ги испита сите лица кои пристигнале од странство по 10 декември 2020 година.

Новите мерки се воведуваат во моментот на најтешкото избувнување на епидемијата на коронавирус од март минатата година, и во пресрет на кинеската лунарна нова година кога милиони луѓе вообичаено патуваат.

Националната здравствена комисија пријави 103 нови случаи на инфекција во средата, додека 118 нови случаи беа пријавени претходниот ден.

Пекинг пријавил нови седум пациенти

Но, североисточната провинција Јилин постави уште еден дневен рекорд со 46 нови случаи, додека провинцијата Хебеи, која го опкружува Пекинг, објави 19 нови случаи.

Пекинг пријави седум нови пациенти, исто како и на 28 декември минатата година. Шестмина од новоинфицираните живеат во округот Даксинг каде операторот на градското метро ја затвори станицата од превентивни причини.

„Пекинг дејли“ објави дека раководството на Комунистичката партија и главниот град се договориле во вторникот за понатамошно засилување на надзорот, намалување на јавните собири и патниците во јавниот превоз.

Слични содржини