Кинеската војска денеска објави дека брод на американската морнарица илегално влегол во кинеските територијални води во близина на Вториот гребен Томас, спорниот атол во Јужното Кинеско Море, кој неодамна беше место на неколку поморски инциденти.
„САД сериозно го нарушија регионалниот мир и стабилност“, се вели во соопштението на портпаролот на јужниот сектор на Кина, додавајќи дека САД упаднале во Јужното Кинеско Море и го нарушиле суверенитетот на Кина, пренесува „Ројтерс“.
Кина се расправа со неколку соседни земји за одредени делови од поморските области во Јужното Кинеско Море.