ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ од четврток до недела, Македонија во портоколова фаза

од Nikola Popovski
156 прегледи

Од утре до недела подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на топол бран и во поголем дел ќе биде активирана портокалова фаза на опасност од високи температури. Дневната температура на места ќе надминува 40 степени Целзиусови, а УВ-индексот ќе биде 9.

Во недела, кон крајот на денот ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, а од понеделник ќе има благ пад на дневната температура.

Денеска времето ќе биде сончево, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 33 степени.