Легендарниот бразилски фудбалер Едсон Арантес до Насименто Пеле во саботата беше опериран и операцијата беше успешна. Му беше отстранет тумор на дебелото црево, и операцијата беше успешна, па 80-годишникот сега се опоравува.
Претходно во фудбалскиот свет кружеа гласини дека поранешниот фудбалер на Сантос се онесвестил и дека поради тоа бил примен во болница, но тоа беше демантирано.
„Сакам да им се заблагодарам на сите за пораките за поддршка. Му благодарам на Бога што се чувствувам добро, како и лекарите Фабио и Мигел што се грижеа за моето здравје. Претходната сабота, бев подложен на операција на дебелото црево чија цел беше отстранување на сомнителната лезија. Туморот беше идентификуван на тестовите минатата недела. За среќа, јас сум навикнат да славам големи победи со вас. Во овој натпревар ќе влезам со насмевка на лицето, како и оптимизам и радост бидејќи сум опкружен со семејството и пријателите“, напиша 80-годишниот Пеле на Инстаграм.
Пеле има колосална кариера зад себе, за време на која постигна повеќе од 1.000 голови во професионалниот фудбал, главно за Сантос, а со репрезентацијата на Бразил го освои Светското првенство – во 1958, 1962 и 1970 година. Тој е најдобар стрелец во историјата на „Селесао“ со 77 голови на 92 натпревари.