Пеле повторно во критична состојба

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле е вратен на интензивна нега.

Бразилецот ја напушти интензивната нега пред три дена, по операцијата за отстранување на туморот на дебелото црево, но денес се врати во истата болница „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, пренесува ЕСПН Бразил.

Локалните медиуми пишуваат дека состојбата на поранешниот фудбалер повторно се влошила, и дека причината е киселиот рефлукс.

Пеле беше хоспитализиран до вторникот, откако неговиот тумор беше отстранет на 6 септември, по што објави дека е добро.

– Минатата сабота имав операција за отстранување на сомнителна лезија на дебелото црево. Туморот беше идентификуван за време на рутинскиот преглед што го имав – објави тогаш Пеле.

Тој, исто така, се заблагодари за големиот број пораки за поддршка и охрабрување, бидејќи се дозна дека е на лекување.

Слични содржини