Фудбалскиот великан Пеле (81) излезе од болницата во Сао Паоло, но продолжува со лекувањето од туморот на дебелото црево.
„Едсон Арантес до Насименто беше пуштен од болницата „Алберт Ајнштајн“. Пациентот е во стабилна состојба и ќе продолжи со лекување на туморот на дебелото црево кој беше откриен во септември“, се наведува во соопштението на здравствената установа во Сао Паоло.
Пеле беше примен во болница на 8 декември поради хемотерапија, а претходно беше хоспитализиран речиси еден месец по операцијата за отстранување на туморот.
Славниот фудбалер беше во селекцијата на Бразил која ги освои Светските првенства во 1958, 1962 и 1970 година, а во својата земја е најдобар стрелец на сите времиња со 77 гола на 92 натпревари.