Пелистер ја прифати поканата за настап во АБА 2 лигата

од Nikola Popovski
254 прегледи

Кошаркарскиот клуб „Пелистер“ од Битола вчера ја прифати поканата за настап во Втората АБА лига во претстојната сезона 2021-2022 година.

Битолчани за првпат ќе учествуваат на ова регионално натпреварување, како втор македонски тим, заедно со државниот шампион МЗТ „Скопје“.

„Пелистер“ беше третопласираната екипа во плејофот на шампионатот во Северна Македонија, но најуспешна во регионалниот дел од сезоната.

„Ова ќе биде голем предизвик за кошаркарите и стручниот штаб, како и за нас во управата, и сигурна сум дека ќе ја оправдаме довербата“, изјави претседателката на Пелистер, Мери Ковачевска.

Истовремено со одлуката за учество во АБА 2 лигата, битолскиот клуб објави дека како засилување го донел македонскиот репрезентативец и поранешен кошаркар на скопски „Работнички“, Љубомир Младеновски.

Во јули беше продолжен договорот со српскиот кошаркар Игор Кесар и македонскиот репрезентативец Бојан Трајковски, а беше донесен и американскиот Тајлер Чиз, кој минатата сезона настапување во италијанскиот прволигаш „Тревизо“.

Слични содржини