Пелоси го обвинува Бајден за поразот на демократите на изборите

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Ненси Пелоси, поранешна претседателка на Претставничкиот дом на САД, рече дека Демократската партија можеби би се справила подобро на претседателските избори доколку американскиот претседател Џозеф Бајден порано се откажеше од својата кандидатура за реизбор.

Пелоси изјави за „Њујорк Тајмс“ дека можеби ќе имало други кандидати доколку Бајден претходно се откажал од учеството на претседателските избори и тогаш биле организирани отворени избори во партијата.

Пелоси тврди дека Камала Харис веројатно би победила во таков процес и дека тоа ќе ја направело посилна на изборите, пренесе Ројтерс.

„Но, не можеме да го знаеме тоа. Тоа не се случи. Живееме со она што се случи“, рече Пелоси, која беше реизбрана во Претставничкиот дом.

Медиумите потсетуваат дека Пелоси ги водеше напорите на Демократската партија да се повлече Бајден, што го направи на крајот на јули по притисокот од партијата и лошиот настап за време на телевизиската дебата со републиканскиот кандидат Доналд Трамп, кој победи на претседателските избори.

Бајден веднаш ја поддржа американската потпретседател Камала Харис како демократски претседателски кандидат откако се откажа од кампањата за реизбор.

Слични содржини