Пелоси: Кина нема да ни прави планови за патување

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, денеска изјави дека Кина нема да прави план за патување за Америка, алудирајќи на нејзината неодамнешна посета на Тајван во рамките на нејзината азиска турнеја.

„Нема да им дозволиме да го изолираат Тајван. Тие не го прават нашиот патен план, а партнерството меѓу САД и Тајван е силно“, рече Пелоси, пренесе „Гардијан“.

„Кина се обиде да го изолира Тајван. Можеби ќе се обидат да го спречат Тајван да учествува на друго место, но нема да го изолираат Тајван спречувајќи нè да дојдеме овде“, рече Пелоси во Токио на крајот од нејзината посета на Индо-Пацификот.

Слични содржини