239
Мора да биде недвосмислено јасно дека САД нема да го напуштат Тајван, изјави денеска претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, на заедничката прес-конференција со претседателката на Тајван, Цаи Инг-вен, со која се сретна во Тајпеј.
„Нашата делегација дојде во Тајван за да стави јасно до знаење дека нема да се откажеме од нашата посветеност на Тајван и горди сме на нашето трајно пријателство. Сега повеќе од кога било, американската солидарност со Тајван е клучна, а тоа е пораката што ја носиме овде денес“, рече Пелоси, пренесе Си-Ен-Ен.
Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес додаде „дека Кина нема да застане на патот на луѓето да го посетат Тајван“.