Пендаровски ја поздрави одлуката на Судот во Стразбур: Сите засегнати правата да си ги остваруваат пред домашните институции

од Nikola Popovski
141 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесена утрово, со која тужбата против Република Северна Македонија е отфрлена.

-По објавувањето на одлуката од страна на Европскиот суд за човекови права, претседателот ја разгледа со советничкиот тим и смета дека сите засегнати со постапките поведени од страна на обвинителството и судовите во државата, треба своите права да си ги остваруваат пред домашните институции, како што е наведено и во одлуката на Судот во Стразбур.

Во оваа смисла, сите постапки пред домашните судови продолжуваат до нивно конечно завршување, односно исцрпување на сите правни средства согласно правните прописи на нашата држава, порачуваат од Кабинетот на претседателот.

Со денешната одлука основано биле гонети 56 лица кои беа аболирани од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов. Според Судот во Стразбур, апликациите се недопустливи, односно осудените и обвинетите не ги исцрпиле сите домашни правни лекови.

Слични содржини