Пендаровски ѝ подари шарпланинец на Новак (ФОТО)

од Nikola Popovski
154 прегледи

Унгарската претседателка, Каталин Новак утрово пристигна во официјална посета на Македонија. Таа беше пречекана со највисоки државни и воени почести пред вила „Водно“, каде што ќе оствари средба со претседателот Стево Пендаровски.

Интересно е што Пендаровски ѝ подари мал шарпланинец на Новак после пристигнувањето во вилата.

Во рамки на посетата, во црквата Св. Спас во Скопје претседателката Новак и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

За време на официјалната посета, унгарската претседателка Новак ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, а заедно со претседателот Пендаровски ќе остварат средба со претставници на младински организации.

Слични содржини