Пендаровски-Агелер: Потребно е да продолжи посветеноста кон европските интеграции

од Nikola Popovski
215 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Прајс Агелер.

-Соговорниците разговараа за текот на евроинтегративниот процес на Северна Македонија во контекст на комплетираниот скрининг процес и неодамнешните одлуки на Советот на ЕУ. Во таа насока се согласија дека е потребно да продолжи посветеноста кон европските интеграции, имајќи предвид дека преку процесот на преговорите за членството во ЕУ ќе се овозможи позитивна трансформација на демократските капацитети на општеството, ќе се отворат можности за поголем економски просперитет, размена на услуги и добра, како и поголема мобилност на населението за образование и професионален развој, велат од Кабинетот на Пендаровски.

На средбата биле разменети мислења и за состојбите во регионот, како и безбедносните случувања во поширокиот регион, војната во Украина и случувањата на Блискиот Исток.

-Претседателот Пендаровски изрази задоволство од стабилното и динамично македонско-американско пријателство, нагласувајќи дека македонското општество и граѓани особено ја ценат поддршката од САД. Во таа насока тој изрази уверување дека американската поддршка ќе продолжи и во периодот што претстои, како гарант за мирот, стабилноста и просперитетот на нашиот регион, стои во соопштението на претседателот.

Слични содржини