Денес се поклонивме пред 462 имиња на паднати борци. Фашизмот му даде за право на посилниот брутално да владее со послабите, вака претседателот Стево Пендаровски го почна своето обраќање од Могилата на непобедените по повод чествувањето на Денот на востанието.
-На 11-ти октомври 1941, борците на партизанскиот одред Гоце Делчев го означија почетокот на народното востание, како тогаш последна етапа на историскиот континуитет на борбата за слободна македонска држава, додаде Пендаровски.
Според него, зад над идеолошкиот карактер на борбата, зборува и фактот дека партизаните на слободните територии не инсталирале комунистички режим, туку создале нови органи на народната власт, како никулци на идната слободна македонска држава.
-Можеме да бидеме сигурни дека ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава. Само како дел од неа, можевме да дојдеме до своја и сопствена држава, потенцира Пендаровски и истакнува дека фашизмот иако победен, се уште не е целосно искоренет.