„Никој не може да го оспори правото на црквата да протестира, секој има уставно право на тоа, но според информациите што доаѓаат на овие теми, чудно ми е што црквата првпат повикува на протест по тој повод. Мислам дека имавме многу потешки дилеми со кои се соочија црквата и државата“, изјави синоќа во интервју за ТВ 24 претседателот Стево Пендаровски по повод вчерашниот протест организиран од МПЦ-ОА.
Според Пендаровски, протестот е беспредметен бидејќи, како што рече, Владата ги повлече од процедура двата закони против кои се протестира – за родова еднаквост и за матичната евиденција и побара поширока општествена дебата.
„Во спротивно, добро е црквата да погледне како папата се справува со ваквите проблеми. Не гледам причина зошто нашите свештеници осудуваат некого ако гласа за ваков закон“, посочи претседателот.