„Овогодинешната тема на Светскиот ден на слободата на медиумите ,,Информациите како јавно добро” е повик за афирмирање на важноста за негување на информациите како јавно добро“, објави претседателот Стево Пендаровски по повод денешниот ден.
Според него, истражувачкото новинарство и унапредувањето на транспарентноста позитивно влијаат врз демократиите и одржливиот развој.
„Без слободни медиуми нема објективни и проверени информации особено за време на тековната Ковид19 пандемија. Да ги поддржиме и заштитиме медиумските права и слободи од политички пристисоци и влијанија. Институциите се должни да создадат демократска атмосфера за остварување на професионално новинарство. Тоа е нужно за да имаме медиумска етика и информирано јавно мислење“, истакна претседателот.