Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски вечерва на гостувањето на вестите на Сител изјави дека сака меѓу првите да ја прими вакцината против Ковид-19.
Тој додаде дека тоа е со цел за да се крене свеста кај граѓаните.
– „Би сакал прв да се вакцинирам од вакцината против вирусот Ковид-19 иако не сум меѓу ризичните, но навистина ако е можно би се вакцинирал мегу првите имајќи предвид дека анкетите кај нас покажуваат многу ниска доверба во вакцината“, изјави тој.