Претседателот Стево Пендаровски денеска од самитот на процесот Брдо-Бриони порача дека од наш аспект и нашите аспирации кон Европската Унија, постои голем дебаланс помеѓу традиционалните критериум за влез во ЕУ и билатералните односи со најмалку двајца од нашите соседи.
Пендаровски поттенцира дека во последните три години имаме сериозен дебаланс во таа смисла затоа што билатералниот проблем со Бугарија ја покрива традиционалната европска агенда за пристапување.
Се надеваме дека тоа час поскоро ќе се промени затоа што ако на Западниот Балкан инсистирате чисто билатералните спорови да бидат решени, особено ако се потпираат на историја и емоции, тогаш ниту една земја од Западен Балкан нема да влезе било кога во Европската унија, кажа Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање.