Пендаровски: Членството во НАТО немаше да биде возможно без договорите со соседите

од Aleksandar Todeski
202 прегледи

Пред вас се наоѓа предлогот за ратификација на Северноатлантскиот договор. Првиот парламентарен состав на земјава донесе одлука за членство во НАТО, со што тоа стана наша стратешка цел, рече претседателот Стево Пендаровски на обраќањето пред пратениците.

„Се менуваа влади, поминавме низ воен конфликт, се менуваа претседатели, но оваа стратешка цел остана. Сега ќе имаме еднаков глас со нашите сојузници. Членството во НАТО немаше да биде возможно без длабоките полиитички промени и заложбите за решавање на споровите. Компромисите не беа лесни, но факт е дека договорот за спорот со името со Грција и спорот со Бугарија беа клучни за нашите стратешки цели“, рече Пендаровски.

Тој истакна дека ратификацијата е голем чекор за нашата државност, а честа ја добиле токму овие народни избраници.

А.Т.