Пендаровски: Да сме потпишале нешто надвор од тој договор, тогаш би можеле да барате одговорност

од Nikola Popovski
432 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски по одржувањето на денешниот Совет за безбедност изјави дека Македонија мора да продолжи со разговорите и покрај тоа што шансите за договор со нашиот источен сосед до декември се многу мали.

„Мој став е, а колку што гледам и на премиерот и на ресорните министри, дека ние не смееме да се спуштаме на уличарско ниво во разговорите со Бугарија, Германија, кого било . Ние имаме добиено доверба да ја водиме оваа држава. Не само во овој спор, ние мораме да покажеме дека, не само географски, ние сме навистина европска држава во која има демократска власт која владее на демократски начин и која се изразува на европски начин“, вели Пендаровски.

Според него, Договорот за добрососедство не создава правна основа за блокирање.

„Да сме потпишале нешто надвор од тој договор, тогаш би можеле да барате одговорност. Не мора ни да барате, сами ќе си заминеме. Ова што од време на време слушате од бугарска страна дека има некои луѓе, за жал и политичари, дека се до 1945 година е заедничка историја, дека ние немаме засебна македонска историја се разбира е надвор од памет и каков било европски принцип и тоа не стои во Договорот“, рече Пендаровски.

Слични содржини