Да нема забуна, опозицијата не ги призна изборните резултати во 2014-та, не затоа што мислеше дека има изгубено со помала разлика од официјалната, туку затоа што конечно обезбеди докази дека од 2011-та до денес требало да победува на изборите, вели во интервјуто за Локално.мк, Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ за претседател на државата на последните избори. Колку Иванов сега може да се нарече претседател, и со која леснотија тој ќе помилува за изборен криминал , е повеќе од јасно. Системот може и мора да се демонтира, историската шанса е во ДИК, но и во круцијалниот ангажманот на опозицијата! Државните институции со партиска војска ,медиумите под целосна контрола , но доказите и сведоците дојдоа и веќе сведочат во Специјалното обвинителство. Мора да се излезе од се ова , категоричен е Пендаровски , и да се знае дека стравот овојпат е најголем кај власта – тоа е страв од губење на изборите, и стравот кај демократската јавност , избори без избор , особено ако се инсистира дека датумот е побитен од кредибилноста и квалитетот.

Бевте претседател на ДИК, гласноговорник на МВР, претседателски кандидат значи ако може така да се каже на сите три битни фронта кои сега се посочуваат, како спорни, и клучни за политичката криза. Првин искуството од ДИК, ви изгледа ли дека со сите овие сопки, недоследности, системот за добивање избори може да се демонтира.
-Системот може и мора да се демонтира. Целта на проектот “Вистината за Македонија” беше да се покаже дека последните неколку изборни циклуси се фалсификувани и дека само преку законски измени и техничка влада следниот пат може да се добијат кредибилни победници. Инаку, не ја гледам логиката на целокупниот опозициски ангажман во изминативе две години, ако системот не може да се демонтира.
Освен намерата и оптимизмот колку твоите колеги , колеги од ДИК можат да го прочистат списокот? Зависи тоа само од нивната способност и воља или?
Не се сомневам дека најголемиот дел од нив имаат и волја и оптимизам, но, тоа нема да биде доволно. Најважни ќе бидат нивната стручност и пред сѐ, нивниот личен интегритет, особено кај тројцата избрани експерти кои имаат историска шанса да постават високи професионални стандарди.
Што е со одговорноста -Чија е , на ДИК, на МВР, на Власта?
ДИК, пред сѐ, но и МВР како орган задолжен за повеќе матични евиденции на граѓаните, имаат свој дел од одговорноста во фазата наречена – вкрстување на базите, но, подоцна ќе биде круцијален ангажманот и на опозицијата и на власта при теренската проверка на податоците.
Колку држи тезата на владините дека тие ја бранат државата, а опозицијата и странците предавнички ја разнебитуваат . Онаа гласното нели предавници и патриоти?
Без исклучок, таа теза е содржана во арсеналот на буквално сите декадентни националистички движења од 19 век до денес. За мене воопшто не е изненадување што владеачката партија упорно ја рециклира таа теза во јавноста затоа што нејзиното највисоко раководство со години покажува дека е во сериозен расчекор со светот во 21-от век. Се разбира, тука има и силни лични мотиви кај првите луѓе во власта кои иако добро знаат што правеле во изминатава деценија, сепак, не можат јавно да признаат дека се криминалци.
целото интервју тука