190
Претседателот на С. Македонија Стево Пендаровски јавно им честита на Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин, кои се добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.
„Честитки до Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин, добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права“, напиша Пендаровски на својот профил на Фејсбук.
Вашата хуманост, наведува претседателот, и неуморна работа за подобрување на нашето општество и почитувањето на човековите права е за секоја почит.