Му благодарам на претседателот на САД, Џозеф Р. Бајден за упатената честитка по повод Денот на независноста на македонската држава, соопшти претседателот Стево Пендаровски.
Тој нагласува дека како сојузници во НАТО, како што вели и претседателот Бајден во честитката, Македонија и САД ги обединуваат нашите заеднички демократски вредности и посветеност на човековите права.
-Нашето партнерство ќе продолжи да им користи на нашите народи во годините што доаѓаат, потенцира Пендаровски.
Бајден во честитката вели дека одбележувајќи се оваа прилика, ние исто така ја одбележуваме 25-годишнината од нашите дипломатски односи и силното пријателство меѓу нашите две нации.
-Нашите земји ги обединуваат семејните и историските врски, како и нашите заеднички демократски вредности и посветеност на човековите права. Нашето партнерство ќе продолжи да им користи на нашите народи во годините што доаѓаат, стои во честитката.
Тој упатува благодарност што оваа година бевме домаќин на мултинационалната вежба „Решителен удар 21“ во Центарот за воена обука „Криволак“ и што повторно ги покажавме водечките капацитети и подготвеноста на Северна Македонија.