Пендаровски до Борел: Благодарност до ЕУ, за вакцините кои треба да ги добиеме

од Nikola Popovski
351 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски на денешната посета на седиштето на ЕУ во Брисел, се сретнал со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

„Секое инволвирање на идентитетските прашања во европската агенда, може да се одрази негативно на европската перспектива на целиот регион. Благодарност за солидарноста на ЕУ, за вакцините кои треба да ги добиеме“, објави претседателот.

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средби и со Комесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји и со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, со што ја започна неговата работна посета на Брисел.

На средбата со Комесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, претседателот Пендаровски изрази благодарност за неговиот ангажман и поддршка за реализација на договорот за распределба на 651.000 дози од вакцината „Фајзер“ за земјите од Западен Балкан, од кои нашата држава ќе добие 119.000 вакцини. Претседателот порача дека е клучно да се забрза процесот на вакцинација во претстојниот период и да се овозможи животот да се врати во нормала што побрзо, заблагодарувајќи се на ЕУ за целокупната поддршка и помош во справувањето со пандемијата, како и за демонстрираната солидарност.

Слични содржини