Пендаровски до Силјановска-Давкова: БГНЕС не е наука, другите земји се солидаризираа со Бугарија бидејќи е членка

од Nikola Popovski
351 прегледи

Чувме дека таа ако биде избрана, не може да зборува во име на Парламентот, за најважното надворешно прашање во клучната област на функцијата претседател. Второ, таа вели ќе чекаме нов Парламент во Брисел, па може таму ќе има поевропски настроени политичари кои ќе имаат разбирање за една мала земја. Значи, тоа е само добра желба дека со дипломатско лобирање да им кажеме дека подолу од ова не можеме да одиме, а ова сме го правеле со други народи и делови од народи. Дајте што побрзо да одиме напред и во Парламентот да се инсистира на две третини, рече претседателот Стево Пендаровски на ТВ дуелот со противкандидатката Гордана Силјановска-Давкова на Канал 5.

Иако инсистираше, Пендаровски не доби одговор од Силјановска Давкова дали таа има гаранции од ЕУ дека Преговарачката рамка може да се промени.

-Јас не сум на ниво на БГНЕС. Вие се што цитирате овде е од аргентурни позиции во сите дебати. БГНЕС не е наука, ѝ возврати претседателот на противкандидатка и додаде:

-Беше одбиено барањето за одложено важење на уставните измени за кога ќе не примат во ЕУ. Не го прифатија другите бидејќи се солидаризираа со Бугарија со оглед дека е членка. Велат дека мораме да бидеме солидарни со другите членови на клубот, ве почитуваме и вас, но идејата на секоја организација е да ги штити интересите на членките.

Силјановска Давкова во текот на дебатата читаше текст од бугарската новинска агенција БГНЕС, во кој се спомнуваше чествувањето на Гоце Делчев.

Слични содржини