Пендаровски: Драги првачиња, среќно!

од Берта Китинска

Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска на својот Фејсбук профил им го честита првиот училишен ден на првачињата.

Успешен почеток на годината Пендаровски им посакува и на останатите ученици.

– Драги првачиња, среќно! Успешен почеток на новата школска година им посакувам и на сите други ученици. И годинава, за жал, ќе учите во невообичаени околности. Ќе ви биде ограничено дружењето, заради почитување на мерките за заштита од ковид. Но, верувам дека оваа учебна година ќе ви донесе и убави нешта, како и нови пријателства, напиша Пендаровски.

Слични содржини