Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски синоќа упати повеќе критики кон претседателот на државата, Стево Пендаровски.
-Седи по цел ден не работи ништо, не се среќава со никого, ниеден релевантен светски државник нема примено, не зборувам за мултилатерални настани, туку за формална билатерална посета. Ниту го примил претседателот на Германија, нити претседателот на Франција, ниту премиерот на Велика Британија, да не зборуваме за претседател на САД како стратешки пријатели на Македонија, рече Николоски во емисијата „Заспиј ако можеш“.
Николоски посочил толку Пендаровски озборува што издаде таен брифинг на НАТО и затоа не е случајно што никој не сака со него да се среќава.
-Денот му се следува со неколку агенции озборување по мене по тебе. Јас пред секое интервју секогаш се спремам и тоа што ќе го кажам стојам на тоа. Нема работа која сум ја кажал а да не се покажала како таква. Средбите на Пендаровски се сведуваат со „еј да ти кажам за овој или еј да ти кажам за оној“. А најтрагично и кажува неточни работи, истакнал Николоски.
Тој додал дека не случајно „Пендаровски нема средби со странски државници, затоа што е единствен државник од 30 членки на НАТО кој во јавност изнесе брифинг на НАТО алијансата кој е направен за првите луѓе на земјите членки“.
Николоски појаснил дека станува збор за брифинг од ноември месец 2021 во кој стои дека во февруари следната година Русија ќе ја нападне Украина.
-Тоа се прави на затворен брифинг за да може земјите членки да се подготват. Стево Пендаровски излезе и го кажа во јавност, кој после тоа очекувате да го смета за релевантен кога врвна тајна изнесе во јавност и компромитира целосна стратегија на НАТО алијансата?, вели Николоски.